mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Општина Илинден набави две нови комунални возила

Општина Илинден набави две нови комунални возила

Типографија

Општина Илинден набави две нови специјални комунални возила за собирање и транспорт на цврст комунален отпад.

Возилата се со капацитет од 22 и 8 метри кубни и чинат 14 милиони денари, а  се обезбедени со одлука на Советот.

Возилата, како што информира општина Илинден, се во насока на обезбедување квалитетни и ефикасни комунални услуги за потребите на граѓаните и на стопанството. 

  • Со набавката на двете нови возила „ивеко“ значително се подобрува постоечкиот возен парк на општинското јавно комунално претпријатие „Илинден“, кое сега се состои од 12 комунални возила-камиони за собирање и транспортирање смет, цистерни за фекална канализација и вода и други помошни комунални возила. Ќе се овозможи и подобрување на условите и ефикасноста во работењето на 60 лица вработени во ЈКП „Илинден“ - соопштуваат од општина Илинден. 

Пред две години општина Илинден набави и специјално возило за зимско одржување на улиците и патиштата во сите 12 населени места.  

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Скопје