Општината Ѓорче Петров во соработка со компанијата „Елколект“ ја спроведува акцијата „Рециклираме и се наградуваме“ за подигање на јавната свест за потребата од собирање и рециклирање на електронски отпад.
Граѓаните кои имаат дотрајани, неупотребливи електрични апарати, компјутери, монитори, телевизори, правосмукалки, својот отпад може да го употребат за купон за учество во наградната игра.
Во општината Ѓорче Петров, екомагацините на „Елколект“ се поставени во дворот на општината и кај забавното игралиште пред мостот кон Волково, а отпадот може да биде оставен секоја сабота во неделата. Поради голема заинтересираност наградната игра ќе продолжи да трае до 25 декември, а извлекувањето на наградите ќе биде на 26 декември во 10 часот, информираат од општината.