mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Загадувањето му донесе на Скопје посебен режим на живот

Загадувањето му донесе на Скопје посебен режим на живот

Типографија

Градските власти дадоа посебни препораки за граѓаните заради големото загадување во пет последователни денови.

Препораките се дадени во согласност со известувањата од Министерството за животна средина и просторно планирање за нарушениот квалитет на амбиентниот воздух заради надминувањето на граничните вредности за партикуларните честички помали од 10 микрометри (ПМ10) во текот на пет последователни денови, а врз основа на Одлуката за алармантни состојби на квалитетот на воздухот на подрачјето на градот.

Градоначалникот Коце трајкановски прогласи мерки од прв степен, за предупредувања и препораки. Имено се апелира до сите граѓани да го користат јавниот превоз, да не ги користат своите автомобили без поголема потреба, при користење на возило, во него да се возат повеќе лица истовремено, се повикуваат возачите на тешките товарни возила да ја почитуваат сообраќајната сигнализација за движење низ градот, сопствениците и корисниците на камионите да не ги користат доколку немаат регуларно испуштање на отпадните гасови, граѓаните да користат суво и чисто дрво без примеси од земја и од отпадоци, граѓаните при затоплување на своите домови, да не користат недефинирани горива и отпадни материи од различни технолошки процеси.

Исто така Трајановски препорачува печките на дрво да се користат и одржуваат според упатствата на производителот, редовно да се чистат оџаците, да не се користат уреди за затоплување на просториите и за готвење на фосилни горива, особено ако сопствениците и корисниците се свесни дека немаат обезбедено ефикасно одведување на димните гасови. Граѓаните и правните лица се препорачува да ги одложат сите активности со корозивни хемикалии, лепаци, бои, лакови, пестициди и слично со коишто се загадува воздухот во просториите, се повикуваат раководителите на градилиштата пред пуштање на камионите надвор од градилиштето задолжително да организираат миење на гумите заради отстранување на калта и прашината, а при превоз на материјалот од градежен ископ истиот да биде затворен со церада.

Граѓаните се повикуваат да го сведат своето движење на отворен простор само на неопходни излегувања, а малите деца, бремените жени, хроничните болни, постарите луѓе да не излегуваат на улица и се препорачува граѓаните да не ги проветруваат просториите во кои престојуваат.

Во соопштението од градските власти се вели дека тие продолжуваат во континуитет со своите редовни активности во насока на намалување на загадувањето на воздухот и ги повикуваат граѓаните да се придржуваат до дадените мерки со што ќе дадат личен придонес за подобар квалитет на воздухот во градот, што е заедничка потреба и цел кон која сите заедно треба да се стремиме.

Настанатата состојба е резултат на загадувањето на воздухот, но, пред се, на стабилната временска состојба, карактеристична за Скопската котлина во студениот дел од годината, заради што Градот Скопје е во редовен и постојан контакт со Управата за хидрометеоролошки работи и за секоја настаната промена на состојбата редовно ќе ја известува јавноста.

 

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Скопје