Подготовка на оперативен план за заштита и одбрана од поплави и дефинирање на надлежностите за изградба, одржување и чистење на каналската мрежа во општина Ѓорче Петров.
Ова е договорено на работната средба меѓу градоначалникот Сокол Митровски, преставници од АД Водостопанство на Македонија, Водостопанство–Скопско поле и претседателите од месните и урбани заедници од општината Ѓорче Петров.
Во текот на овој месец ќе се одржат состаноци со населението од Волково, Ново село, Кисела Јабука и Орман со цел граѓаните да се запознаат со предлогот на општината и АД Водостопанство на Македонија за решавање на сите недостатоци на каналската мрежа и нејзиното функционирање.
Извештајот од општина Ѓорче Петров, како и од сите останати општини од скопскиот регион ќе биде презентиран на третата работна средба, која е закажана за 31 октомври годинава.