mksqen

Во Дебар маало се сечат дрвја

Во Дебар маало се сечат дрвја

Типографија

Неформалната група Во одбрана на Дебар маало на социјалните мрежи реагира дека општина Центар и градоначалникот Андреј Жерновски продолжуваат со сеча на дрвја.

Во статусот од групата се вели дека и покрај тоа што општинските власти се залагаат за зачувување на зеленилото во Дебар маало тие сепак продолжуваат со сеча на дрвја и намалување на зеленилото на сметка на проширување улици, изградба на згради и правење повеќе простор за тераси од кафеани. Од групата велат дека биле сведоци на сечење дрва пред пензионерскиот дом на улицата Раде Кончар , таканаречената боемска улица во изградба.

  • Ако продолжи овој тренд кој трае веќе со години наназад и не запира, од Дебар Маало ќе остане само грди вискококатници, бетон, многу автомобили, загаден воздух и кафеани во кои никој нема да доаѓа заради уништената амбиентална вредност и шарм на Дебар Маало - се вели во нивната реакција.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Скопје