mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Се градат фекални канализации за Трубарево и за индустриската зона „Расадник“

Се градат фекални канализации за Трубарево и за индустриската зона „Расадник“

Типографија

Во населеното место Трубарево почна реализацијата на втората фаза од изградбата на новата фекална канализација.

Канализацијата е во должина од четири километри и со две препумпни станици.

  • Минатата година градот Скопје со 12 милиони денари учествуваше во изградбата на првата фаза од фекалната канализација во населеното место Трубарево, проект кој чинеше вкупно 22 милиона денари. Оваа година се вклучуваме во реализацијата на втората фаза од проектот за изградба на фекална канализација во населеното место Трубарево и во вкупната вредност на проектот од 22 милиона денари, Градот Скопје учествува со 12 милионa денари - вели скопскиот градоначалник Коце Трајновски и додава дека градот Скопје оваа година издвојува 25 милиони денари како помош за општината Гази Баба за изградба на фекална мрежа за Јурумлери, Скопско поле, Трубарево и Црешево.

Градоначалникот на општина Гази Баба, Тони Трајковски вели дека во првата фаза од овој проект е изградена примарна фекална канализација во должина од 1,2 километри и пумпна станица, во што биле вложени 22 милионa денари, од кои 10 милиони денари издвоила општина Гази Баба, a остатокот ги издвоил Град Скопје.

  • Сега, во оваа втора фаза ќе се изградат четири километри примарна фекална мрежа со две препумпни станици, за што исто така ќе се вложат 22 милиона денари. Во таа сума градот Скопје учествува со 12 милиони денари, а општина Гази Баба со 10 милиони денари. Очекувам граѓаните набрзо да почнат да се приклучуваат кон новиот систем - додава Трајковски.

Во општината Бутел пак почна да се реализира проектот за поставување фекална канализација во новата индустриска зона „Расадник“. Во овој дел општина Бутел инфраструктурно ја средува атрактивната индустриска зона што се наоѓа на улица Бутелска, веднаш до скопската обиколница.

Фекалната канализација ќе биде во должина од три километри, а завршена е првата фаза во должина од 400 метри.

Реализацијата на проектот за првата фаза чинеше два милиони денари. Изведувач на работите е фирмата „Енергомонт“ од Скопје. Средствата се обезбедени од буџетот на општина Бутел.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Скопје