mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Доставени 120 барања за субвенции за печки на пелети

Доставени 120 барања за субвенции за печки на пелети

Типографија

Во изминатите три дена до архивата на град Скопје се доставени 120 барања за надоместување на дел од трошоците на граѓаните за купување печки на пелети.

Надлежната Комисија почнала да ги разгледува пристигнатите барања и во текот на наредната седмица ќе контактира со барателите, кои ги исполниле документациските услови, за да се утврди термин за увид на инсталираната печка, соопштуваат од канцеларијата за односи со јавност на град Скопје.

Сите зинтересирани граѓани кои имаат намера да конкурираат за надоместување средства треба уредно да го пополнат образецот за барање во целост. Барањето може да се подигне во архивата на Град Скопје или да се обезбеди од интернет страницата на Град Скопје.

Покрај пополнетиот образец треба да се достави и доказ за жителство во Град Скопје, со доставување фотокопија на личната карта на барателот со адресата на живеење (објектот каде што е лоцирана печката на пелети), и доказ во оригинал дека е извршено купување на печката на пелети.

Пријавувањето ќе продолжи и во текот на наредната седмица, при што заинтересираните своите  барања за искористување на правото за надоместување на дел од трошоците, заедно со потребната документација, треба да го достават во затворен плик до Град Скопје на булевар Илинден број 82, во архивата на Градот, секој работен ден од 09:30 до 15:00 часот.

Исплатата на средствата ќе се врши сукцесивно, според редот на пристигнати пријави, се до исполнување на предвидениот буџет за оваа намена, кој изнесува 5.890.000 денари.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Скопје