mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Во Кисела Вода ќе се собира кабаст отпад

Во Кисела Вода ќе се собира кабаст отпад

Типографија

На 14 и 15 овој месец во општината Кисела Вода ќе биде спроведена акција за собирање кабаст отпад.

Активностите ќе се реализираат по урбани и месни заедници според датумот и времето предвидено за одложување на отпадот.

Во петок отпадот ќе се собира од  7 до 11 часот во урбаните заедници Кисела Вода, Расадник, бараките во 11-ти Октомври, Пинтија, Бобан Трпков во населба Драчево, село Драчево и Усје и Градинар.  На 15 октомври во истото време во урбаната заедница „Цветан Димов“, потоа Бирарија, Црниче, Пржино и кај зградите во 11-ти Октомври.
Од општината апелираат до сите граѓани, отпадот да го одложуваат во точно предвидените термини пред своите домови и колективните згради на пошироките улици, а притоа да не се загрозува сообраќајот за автомобилите и пешаците.

Кабаст отпад опфаќа секаков вид домашен отпад (мебел, бела техника, електронски отпад, опрема – делови за бања и купатило) освен градежен шут, гранки и комунален смет.

Претходно ваква акција имаше во општината Аеродром каде се собрани 65 кубици кабаст отпад.

Од општината информираат дека граѓаните ќе можат да се ослободат од отпадот и во други денови со одреден надомест, за што подетални информации може да се добијат на дежурниот телефон 0800 222 33.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Скопје