mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Фестивал на органска храна

Фестивал на органска храна

Типографија

Фестивалот на здрава храна, кој се одржа под мотото „Здраво секојдневие и начин на живот“ ја промовираше органската здрава храна и здравите навики на живеење.

На фестивалот учествуваа над 20 македонски производители на органска храна кои на плоштадот „Македонија“ ги изложија своите производи. Фестивалот на органска храна беше во организација на Град Скопје и здружението на граѓани „Подиум Скопје“.

Анастасија Ашкилова од компанијата „Фарма Биаква“  појасни дека органската храна се произведува по одредени стандарди и дека за нејзино производство е потребно регистрирање на органските производители кои треба да поседуваат сертификат од една од двете сертификациски куќи во Македонија.

  • Прво се сертифицира почвата па потоа секој производ посебно. Потребно е семињата да се органски како и целиот процес на растење кој треба да се следи. Во Македонија најчесто се сертифицира  марулата, цвеклото, од зеленчуци, а јаболкото е најсертифицирано органско овошје - истакна Ашкилова.

Производите се прскаат со огански пробиотици и инсектициди кои, како што појасни, може да се козумираат и не се штетни по здравјето.

Здравата органска храна се произведува по одредени производствени стандарди. Конвенционалната употреба на неоргански пестициди, инсектициди и хербициди е забранета и избегнувана како последна мерка. Во повеќето држави, органските производи не смеат да бидат генетски модификувани.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Скопје