Пет екипи досега се пријавиле за учество на натпреварите „Скопски автобуски хакатон“ и „Паметна автобуска постојка“ за изработка на софтверски решенија за подобрување на јавниот градски превоз во Скопје.
Може да аплицираат креативни индивидуалци над 18 години, како и стартап претпријатија со шест години активна работа до моментот на апицирање и иновациски активности. Т реба да понудат предлог решенија за оптимизација на транспортните услуги на автобуските линии 5,15, 22, 19 и 57 и да развијат прототип на паметна автобуска постојка, со користење на лаборатиите на ФИНКИ и на Машинскиот факултет.
На хакатонот треба да се понудат алгоритми и начин како да се подобри квалитет на транспортот на неколку автобуски линии, да се намали метежот во автобусите и времето за патување, а тоа да се развие со употреба на лабораториите на факултетите.
Организатори на натпреварите се Фондот за иновации и технолошки развој, Министерството за образование и наука, Градот Скопје и ЈСП Скопје.
За најдобрите решенија на натпреварите е предвидена парична награда од 45.000 денари, но може да се изберат патување или пак рекламирање преку автобусите и станиците на претпријатието.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS