mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Се обновува инфраструктурата во поплавените места, за обиколницата шест милиони евра

Се обновува инфраструктурата во поплавените места, за обиколницата шест милиони евра

Типографија

Три илјади и три домаќинства го имаат добиено авансот до 500 евра, а до крајот на месецот се очекува да го добијат и сите домаќинства што беа опфатени со поплавите.

На седница на Влада е одлучено отштета да се исплати и на оштетените домаќинства во Кисела Вода, Ѓорче Петров, Бутел, Чаир, а за Шуто Оризари дополнително ќе биде исплатена.

Откако ќе биде донесен ребалансот на Буџетот во Собранието се очекува и за два до три месеци да биде исплатена и 100 процентната штета, врз основа на претходно направената проценка на оштетувањата на оние кои беа зафатени од поплавите.  

Од 56 улици во Стајковци, три се веќе асфалтирани, 11 се подготвени за асфалтирање. Надлежните велат дека ќе бидат асфалтирани сите улици што и пред поплавите биле со асфалт, но и оние што претходно не биле.  Станува збор за 20 километри асфалт во сите населени места кои беа поплавени.

Вредноста на инвестицијата за обнова на инфраструктурата е шест милиони евра. Ќе се работи на терен се додека дозволуваат временските услови. Истовремено се работи и на водоводите и на фекалната канализација каде што е потребно, а ќе биде направена и атмосферска канализација.

Се очекува и за две до три недели да почне обновувањето на обиколницата која што беше оштетена за време на поплавите, за што инвестицијата е шест милиони евра.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Скопје