mksqen
18
Чет, Апр
0 Нови / 7 дена

Повторен повик за консултантски услуги

Повторен повик за консултантски услуги

Типографија

Центарот за Eколошка Демократија ФЛОРОЗОН од Скопје во рамките на проектот “Граѓаните активен партнер во реформите на политиките за вода“ финанскиски поддржан од Секторот за централно финансирање и склучување договори (ЦФЦД) во рамките на Министерството за Финансии на Република Македонија како дел од програмата за: “Зајакнета вклученост на граѓанското општество во реформите на патот кон ЕУ интеграциите” објавува повик за ангажирање на консултант за подготовка на документ “State of play” - Анализа на состојбите со управувањето со водите во Република Македонија и заштита на правата на потрошувачите и обезбедување експертска поддршка на една од трите специјализирани работилници и ќе даде експертски придонес на настанот: Национална тркалезна маса во рамките на горе наведениот проект.

Процедура за аплицирање и потребните критериуми се опишани во описот на работната задача. Уредно пополнетата докумeнтација да се достави најдоцна до 16.00 часот на 09.02.2018 година (петок).
Ненавремена, нецелосна и некомплетна документација нема да биде разгледана.
Со почит,
ЦЕД Флорозон, Скопје,
Проект: “Граѓаните активен партнер во реформите на политиките за вода“
Опис на работна задача ТУКА

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.