Водата од регионалниот водовод „Лукар” е безбедна за пиење, информираа денеска од Центарот за јавно здравје од Кавадарци, откако пред некој ден беше издадена препорака да се преврива водата за пиење поради заматеност како последица на дождовите.
- Тоа значи дека препораката за задолжително превривање на водата пред пиење е отстранета. Последните анализи на резултатите од земените мостри покажуваат дека водата за пиење е хемиски и бактериолошки безбедна - рече доктор Трајче Ризов, специјалист по хигиена и раководител на центарот во Кавадарци.
Од регионалниот водовод „Лукар“ со вода за пиење се снабдуваат општините Кавадарци, Неготино и Росоман, а водата се носи педесетина километри од под планината Кожуф.
Kако последица на врнежите од дожд, пред неколку дена водата доби жолтеникава боја. Тогаш дозирањето со хлор беше покачено на максимум.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS