mksqen
27
Саб, Апр
0 Нови / 7 дена

Десеткуван родот на модри сливи на истокот

Десеткуван родот на модри сливи на истокот

Типографија

Годинашниот род на модри сливи во регионот на Малешевијата и Пијанец е намален поради пролетните мразеви кои предизвикаа измрзнување на плодовите и овошките на некои насади и од 70 до 100 проценти.

Од подрачните единици на Министерството за земјоделство во Берово и Делчево информираат дека помали оштетувања се евидентирани на насадите коишто се наоѓаат во повисоките региони.

Од комбинатот „Малеш бреза“ од Берово велат дека од очекуваните две илјади тони сливи во Малешевијата, ќе се наберат само 200 тони.

  • Оваа година во Малешевијата може да се каже дека нема сливи. Температурите во април, кога беше формиран плодот, паднаа до минус 7 степени, така што останаа сливи само на повисоките региони. Нашиот комбинат кој има насади со сливи на 60 хектари, наместо очекуваните 300 тони, нема да набереме ниту три килограми - изјави Гоце Дочински од комбинатот „Малеш бреза“, додавајќи дека трпат загуби од 200 илјади евра.

Според него, цената на сливите годинава е ниска и се движи од 5 денари за килограм за индустрија до 7 денари за килограм прва класа.

Од комбинатот „Рудине“ во Делчево посочуваат дека годинава цената на сливите е ниска бидејќи пласманот на европскиот пазар оди тешко. Во регионот на Малешевијата и Пијанец годишно се произведуваат над четири илјади тони сливи, но годинава се очекуваат околу 1.000 тони.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија