mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Спречена нелегална сеча на шума во велешко

Типографија

Полициски службеници од Велес, во координација со шумската полиција и јавното претпријатие „Македонски шуми“, вчера спровеле заедничка акција за спречување бесправен превоз на дрва и пустошење шуми во атарот на селото Степанци.

Како што соопшти полицијата, во местото „Црници“, во близина на Степанци, затекнати биле пет лица од Прилеп на возраст од 19 до 39 години при нелегална сеча на дрва. Тие со пет патнички автомобили марка „Лада Нива“ вршеле бесправен превоз на вкупно пет метри просторни дабови огревни дрва.

Возилата и дрвата се одземени, а по целосно документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопштија од полицијата.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS