Фотографија на која се гледаат десетина исечени стебла од зимзелени дрвја, оставени во близина на табла на националниот парк Пелистер предизвика многу реакции кај активистите за заштита на животната средина.
Содржината ја објави фејсбук-страницата „Бесплатен НП Пелистер“, со назнака дека станува збор за исечени молики.
- Без никакво образложение се сече ендемски вид дрво молика во националниот парк Пелистер. Ако сте барем малку загрижени, споделете - стои во објавата.
Дел граѓани претпоставуваат дека станува збор за фитосанитарна сеча, односно за отстранување на старите и заболени дрвја од националниот парк, за да се спречи ширењето болести и предизвикувањето други штети врз остатокот од шумата. Но активистите бараат од управата на паркот да излезесо официјално објаснување.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS