mksqen
22
Нед, Дек
0 Нови / 7 дена

Западен Балкан и Турција заедно да се справуваат со климатските промени

Западен Балкан и Турција заедно да се справуваат со климатските промени

Типографија

Западен Балкан и Турција е регион кој е ранлив на климатските промени. Затоа се потребни заедничка соработка и активности за намалување на влијанието на последиците од климатските промени за кои можат да добијат и поддршка од фондот на ЕУ во вредност од 90 милијарди евра.

Ова беше порачано на денешната Регионална работилница за адаптација кон климатските промени во рамките на ECRAN мрежата (Environment and Climate Regional Accession Network), во Скопје, проект финансиран од ЕУ со цел унапредување на регионалната соработка на животната средина и климатските промени во Западен Балкан и Турција.

Средствата од ЕУ фондовите веќе се на располагање, а како што рече заменик-минситерот за животна средина и просторно планирање Стево Темелковски, зависи од подготвеноста на земјава за користење на овие средства.

  • Средствата се достапни и зависи од нас кога ќе бидеме подготвени да ги користиме. Некои проекти веќе течат во делот на уредување и унапредување на биодиверзитетот, менаџирање на речните сливови, правење возобновување на водостопанската основа - посочи Темелковски.

Додаде дека 1,2 милиони евра се користат за завршување на законодавството во делот на екологијата, но и за јакнење на капацитетите, потоа за стратегија, како и за конкретни мерки за ублажување како што се проекти во делот на ерозивните елементи, на релјефот, на природата, рехабилитација на речните корита, на браните и мостовите.

Темелковски рече дека за минатогодишните поплави во Пелагонија и Тетовско беа лоцирани околу 10 милиони евра за санирање на штетите, а за поплавите во Скопско се уште се прави проценката. Најави дека почнува проект за ерозија потпомогнат од ОН преку кој ќе се извршат конкретни интервенции каде што се појавуваат негативни влијание од климатски промени. Потенцира дека Македонија во целокупната карта, а особено во југозападниот и мал дел од југоисточниот регион влегува во најкритичниот дел каде климатските промени имаат негативни влијание.

Лукаш Холб од ЕУ посочи дека поплавите што се случија во август годинава не направија далеку посвесни за последиците што доаѓаат од климатските промени. Тоа, според него, ја насочи потребата од разговор за овие промени од кои резултатите нема да бидат веднаш видливи. Тој повика предвидените реформи за адаптација на климатските промени да се спроведат и посочи дека 20 проценти од Буџетот на ЕУ во периодот од 2014 до 2020 година е одвоен за активности за адаптација на климатските промени.

Беатрис Џорди од директоратот за животна средина на ЕК, рече дека ги поттикнуваат земјите да работат заеднички на адаптација на климатските промени, а реализација на активностите ќе бидат финансиски поддржани од ЕУ. Посочи дека на располагање стои фонд од 90 милијарди евра од кои земјите од регионот можат да користат и средства за превенција од поплави.

  • Треба да бидете постојано одговорни и да работите на превенција - порача Џорди пред претставниците на земјите од регионот и Труција, учесници на Регионална работилница за адаптација кон климатските промени.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS