mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Шеесет години од тектонската несреќа во кавадаречко Моклиште

Шеесет години од тектонската несреќа во кавадаречко Моклиште

Типографија

Денеска се навршуваат шеесет години од тектонската несреќа во кавадаречко Моклиште, кога загинале 11 луѓе, 1.200 овци и крупен добиток.

Како што потсетува Мики Камчевски, професор по историја, на 5 септември 1956 година во раните утрински часови, помеѓу 6 и 7 часот во месноста „Градот“, оддалечено околу 9 километри југоисточно од Кавадарци, се случила голема тектонска несреќа. За неполни петнаесетина минути според сведоштвото на неколкумина очевидци на овој ужасен настан, кој се случил над населбата Моклиште, се одронил огромен дел земјена маса. Земја и камења покриле простор во должина од 1.000 и во широчина од 400 метри. На одделни места натрупаната земја достигнувала до стотина метри длабочина.

Загинале луѓе од околните села, но и неколкумина од тетовско, што се наоѓале на местото. Младинецот Перо Кузманов од Ваташа бил очевидец на судбината на Ристо Камчев од селото Долно Бошава, кој со своите две ќерки одел на пазар во Кавадарци. Двете негови девојчиња со помош на неколкумината биле спасени, а Ристо бил затрупан од огромната маса земја и камења.

Била формирана комисија за да го истажи случајот, која заклучила дека свлекувањето на земјата се случило зашто од претходно на местото имало формирано пукнатина длабока околу сто метри. Исто така, геолошкиот состав на почвата им овозможил на подземните и атмосферски води да ја нарушат стабилноста на целата маса.

  • - Потребно е да се знае и фактот што целиот тој простор е без каква било вегетација. Била поместена земјишна маса од 12 до 15 милиони кубни метри земја - вели професорот Камчевски.

Пред пет години, на 55 годишнината од оваа трагедија, општина Кавадарци и месната заедница од селото Ваташа, на местото на несреќата поставија спомен плоча, која ќе остане да сведочи за овој трагичен настан.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS