Екипите на територијалната противпожарна единица од Крива Паланка, интервенирале на шест пожари во август, двојно помалку од август претходната година. Од нив три се на отворен простор, два на обејкти и било запалено моторно возило, информираат од ТППЕ Крива Паланка.
Иле Коцевски, командир на ТППЕ Крива Паланка информира дека пожарникарите интервенирале при гаснење пожар кај месноста Стражин. Изгореле 3 хектари сува трева, багрем и даб. Бил запалено овоштарник и стрниште кај Долно Варовише, над манастирот Св „Јоаким Осоговски“, каде изгореле 5 хектари. При гаснењето на овие пожари помогнале и екипите на ЈП Македонски шуми подрачна единица Осогово.
Освен овие интервенции, бил пријавен и пожар во населба Баглак 3, каде била запелена дива депонија и по кратко време поради високите температури пожарот се проширил во борот. Немало материјална штета.
Командирот на ТППЕ Крива Паланка апелираше до кривопаланчани да бидат внимателни за да се избегнат несакани последици.
- Ги молам граѓаните да не ги паркираат своите автомобили пред влезот и излезот на ТППЕ Крива Паланка, како би можеле нашите екипи навреме да пристигнат на местото на инервенција, додаде Коцевски.
Во август во Крива Паланка двојно помалку пожари од лани
Типографија
- Font Size
- Default
- Режим читање