Општината Гевгелија денеска го објави јавниот повик за изградба на новиот водоснабдителен систем што ќе се реализира со подзаем од Светска банка и грант од ИПА програмата за прекугранична соработка.
- Со проектот се предвидува изградба на два нови бунари во бунарското подрачје кај Вардар, потисен цевковод и резервоар на Мрзенски рид со кои на подолгорочен период ќе го решиме снабдувањето на Гевгелија и околните места со квалитетна вода за пиење од регионалниот водовод - рече градоначалникот Иван Франгов.
Реализацијата на целиот проект, нагласи Франгов, изнесува 105,3 милиони денари од кои најголемиот дел или 70,8 милиони денари се подзаем од Светската банка, а 260.000 евра се грант од ИПА програмата за претпристапна помош за комунална инфраструктура.
Процесот на понудување ќе се спроведе преку процедури за национално јавно наддавање, како што е специфицирано во упатството на Светска банка.
Во изминатиов период имаше жестоки реакции од граѓанскиот сектор во врска со квалитетот на водата во Гевгелија.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS