Во изминативе години и децении е забележано нагло сушење на питомиот костен во Македонија, а бројот на стебла и приносите стануваат се` помали, пишува Нова Македонија.
Весникот објавува разговор со професорот Кирил Сотировски, научник што посветил многу внимание на овој проблем, кој вели дека причината е еден патоген вид габичка, која се населува под кората на дрвото и ги уништува ткивата на внатрешната кора. Бидејќи се уништуваат спроводните садови, се сушат целите гранки или стебла.
Габичката, пренесува весникот, е распространета низ цела Европа, а во Америка веќе ја уништила популацијата на питом костен. Сепак, професорот вели дека за среќа има хиповируси што ја напаѓаат габичката и на тој начин ги заштитуваат дрвјата. Габите што имаат хиповирус може да ја оштетат кората, но не навлегуваат подлабоко во дрвото и тоа може нормално да функционира.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS