Магистралната гасоводна мрежа од Штип до Неготино во должина од 36 километри почна да се гради денеска.
За неа ќе бидат инвестирани околу 16 милиони евра, а ќе ја гради македонски конзорциум предводен од кумановски „Рапид билд“ заедно со уште четири компании, „Ел-Те“, „Сектартермо“, „Чакар партнер“ и „Квалитет пром“.
Гасоводната делница Штип-Неготино се надоврзува на гасоводот Клечовце-Штип чија изградба во должина од 61 километар заврши минатиот месец, а беа инвестирани 75 милиони долари.
Се очекува изградбата на делницата Штип-Неготино да заврши до крајот на следната година. Паралелно со изградбата на оваа делница во текот на следниот месец се очекува да започне и изградбата на гасоводните делници Неготино-Прилеп-Битола и Скопје-Тетово-Гостивар, со што ќе се заокружи првата фаза од изградбата на националната гасоводна мрежа.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS