mksqen

Се гради пречистителна станица во Чешиново Облешево

Се гради пречистителна станица во Чешиново Облешево

Типографија

Во населеното место Кучичино во општина Чешиново Облешево започнаа градежните работи на изградбата на пречистителната станица за одпадни води. Во непосредна близина на ова населено место механизација активно работи на терен и во моментот се изведуваат земјените работи, порамнувања и прилагодувања на теренот.

  • Изградбата на пречистителната станица е финансирана од Швајцарската амбасада преку проектот за управување со речниот слив на река Брегалница. Вредноста на проектот изнесува 23 милиони денари. Со оваа пречистителна станица ќе се овозможи третирање на отпадните води, со што ќе се намали загадувањето на водите на реката Брегалница - информираше градоначалникот Костадин Личков.

Во пречистителната станица кај Кучичино ќе бидат третирани отпадните води од неколку населени места со што ќе се овозможи речниот слив на Брегалница да биде помалку загаден. Ова ќе придонесе за еколошка заштита и на земјоделските површини кои се наоѓаат покрај речното корито на река Брегалница.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија