mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Во Крива Паланка наврнале 45 литри воден талог за 12 часа

Во Крива Паланка наврнале 45 литри воден талог за 12 часа

Типографија

Најмногу дожд во синоќешното невреме наврнало во Крива Паланка, каде се измерени 45 литри на квадратен метар, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Виница наврнале 14, во Пожар 13, во Скопје-Петровец 7 и во Тетово и Пожаране шест литри на квадратен метар. Во Битола наврнале пет, во Скопје-Зајчев Рид четири, во Лазарополе два и во Демир Капија и Ѓуриште по еден литар.

Како што информира УХМР, нестабилно со дожд и грмежи е во Гевгелија, Струга и во поширокото подрачје во Струмичката котлина, како и во планинските подрачја на западна Македонија и над Беласица.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија