mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Кампања „Систем капка по капка“ во Битола

Кампања „Систем капка по капка“ во Битола

Типографија


Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството-АПРЗ со седиште во Битола продолжува со кампањата за систем капка по капка и реструктирање и пренасочување на некои култури во одделни региони низ државата.

Од АПРЗ-Битола информираат дека кампањата е во полн ек и се очекува да заврши до крајот на месецов со што земјоделците и земјоделските стопанства во целост ќе бидат информирани за потребата од трансформација на конвенционалните системи на земјоделско производство кон поодржливи системи со примена на земјоделски техники базирани на претходната проценка на земјоделските карактеристики и животната средина.

Камапањата досега е реализирана низ директни средби во сите плански региони, а во Битолскиот регион ќе продолжи на 24 август со посета на селото Доленци и 25 август во селото Дедебалци каде се планирани средби со тамошните земјоделци.

- Системот капка по капка е еден од најефикасните начини за наводнување на растенијата и преку ваквиот начин на наводнување водата се искористува дури до 99 отсто, додека стресот во вегетативниот развој на растението се намалува на минимум. Предноста на овој начин на наводнување е во можноста за непречено и рамномерно наводнување на кореновиот систем на растението, но и можноста за апликација на ѓубрива во текот на целата сезона. При вакво наводнување растението добива оптимални услови за развој и дава максимални приноси - посочуваат од АПРЗ-Битола.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија