Во хидроцентралите „Шпилје“ и „Глобочица“, кои го сочинуваат хидроенергетскиот систем „Црн Дрим“ во периодот од јануари до јули се произведени вкупно 354 милиони киловат-часови електрична енергија.
- Во ХЕ „Шпилје“ произведени се 218 милиони киловат часови електрична енергија што е за над 17 насто поголемо производство од планираното за овој период од годината. Што се однесува до годишниот план тој заклучно со јули е реализиран за 78,7 отсто. И во ХЕ „Глобочица“ забележано е поголемо производство од планираното и тоа за 12,4 отсто. Заклучно со јули произведени се 136 милиони киловат часови, што претставува реализација на годишниот план за околу 72 насто - велат надлежните од ХЕС „Црн Дрим“.
Во двете акумулации има солидна резерва за производство за електрична енергија што е гаранција дека добрите резултати ќе продолжат и во наредниот период.
- Просечениот дотeк во акумулацијата “Дебарско Езеро“ изнесува околу 30 додека во акумулацијата „Глобочица“ 22 кубни метри вода во секунда. И во двете акумулации има солидна резерва на вода за производство и тоа по околу 20 милиони киловат часови електрична енергија одделн - нагласуваат надлежните.
Според нив последните врнежи видно не влијаеја на зголемувањето на дотекот на вода, а со тоа и на водостојот на акумулациите во кои има доволно простор за прием на нови дотеци.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS