mksqen
19
Нед, Мај
0 Нови / 7 дена

Зголемено нивото на водотеците во Ресен

Зголемено нивото на водотеците во Ресен

Типографија

Будно се следи состојбата со водотеците во општината Ресен, кои во моментов бележат зголемување на висината на водениот столб од врнежите кои изминативе два дена го зафатија преспанскиот регион, но се уште не постои директна закана за нивно излевање, беше заклучено на денешниот состанок на општинскиот кризен штаб.

  • Доколку има потреба, расположливата механизација е подготвена да интервенира на веќе евидентирани критични точки во Општина Ресен. Поради обилните врнежи на одредени улици одводната мрежа не е во состојба да ја прими целосно атмосферската вода и ТППЕ - Ресен и ЈКП „Пролетер“ се задолжени да интервенираат на критичните места - истакна градоначалникот Стрезовски по состанокот.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Македонија

This module can not work without the AcyMailing Component