Во Пехчево денеска започнаа градежните работи за изградба на таложник за вода за пиење пред филтер станицата која треба да го подобри квалитетот на водата за пиење во градот Пехчево и околните наслеби Негрево, Чифлик, Умлена и Робово.
Градоначалникот Игор Поповски информира дека оваа интервенција била неопходна, бидејќи по секои врнежи од дожд, водата во градскиот водовод била заматена.
- Бидејќи технолошкиот процес на изградената филтер-станица не може да ги задоволи стандардните услови за филтрирање на водата за време на дожд, затоа потребно е да се изгради таложник за доведената вода од двата цевководи, со што ќе се зголеми времето за технолошки третман на водата и ќе се избегнат трошоците за потрошувачката на електрична енергија која ја користат пумпите за проток на водата преку постоечките филтери - рече Поповски.
Проектот е во вредност од околу 30 илјади евра, а парите ги обезбедуваат општината и Министерството за животна средина.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS