mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Во Пехчево ќе се подобрува квалитетот на водата со изградба таложник за вода

Во Пехчево ќе се подобрува квалитетот на водата со изградба таложник за вода

Типографија

Во Пехчево денеска започнаа градежните работи за изградба на таложник за вода за пиење пред филтер станицата која треба да го подобри квалитетот на водата за пиење во градот Пехчево и околните наслеби Негрево, Чифлик, Умлена и Робово.

Градоначалникот Игор Поповски информира дека оваа интервенција била неопходна, бидејќи по секои врнежи од дожд, водата во градскиот водовод била заматена.

  • Бидејќи технолошкиот процес на изградената филтер-станица не може да ги задоволи стандардните услови за филтрирање на водата за време на дожд, затоа потребно е да се изгради таложник за доведената вода од двата цевководи, со што ќе се зголеми времето за технолошки третман на водата и ќе се избегнат трошоците за потрошувачката на електрична енергија која ја користат пумпите за проток на водата преку постоечките филтери - рече Поповски.

Проектот е во вредност од околу 30 илјади евра, а парите ги обезбедуваат општината и Министерството за животна средина.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS