Неколку десетини граѓани ги блокираа улиците во Штип протестирајќи за спас на паркот 8-ми Ноември. Петицијата да остане паркот и во него да не се гради деловен објект веќе ја потпишале над 2.500 штипјани.
Градежните работи се веќе почнати, а граѓанските активисти сметаат дека тие се незаконски, бидејќи општината не ги усогласила старите планови со новите урбанистички правила. Поради тоа се поднесени и кривични пријави против градоначалникот, а се бара од советот на општината да се произнесе за граѓанската петиција.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS