Во Кавадарци денеска почна издавањето дозволи за собирање боровинки во ридско-шумските предели од општината. Дозволите, по цена од 400 денари, се обезбедуваат во просториите на „Бор“, кавадаречката подружница на „Македонски шуми“.
Петко Ристовски, шеф по заштита на шуми во подружницата информира дека веќе се издадени и првите десетина одобренија за собирање боровинки.
- Минатата година издадовме шеесетина вакви документи на заинтересирани да берат боровинки на територијата на општината Кавадарци. Годинава очекуваме бројот на издадени дозволи да биде помал. Тоа го објаснуваме со фактот што снегот кој падна на 17 април пролетва, предизвика мрзнење кај боровинките. Како последица на тоа, нивниот род е намален - рече Ристовски.
Дозволите за берење боровинки важат до крајот на оваа година.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS