mksqen

Исчистена дивата депонија кај Трајаново трло во Кочани

Исчистена дивата депонија кај Трајаново трло во Кочани

Типографија

Механизација од КЈП „Водовод“ во соработка со општина Кочани денеска спроведе акција за чистење на дивата депонија од градежен шут и смет кај населбата Трајаново трло.

Од Одделението за комунални работи на општината Кочани истакнуваат дека депонијата е стара 11 години и на неа несовесните граѓани најчесто во ноќните часови непречено депонираат шут и друг вид на одпад. Реакцијата на граѓаните за еколошки загадената околина конечно се реализира и деопонијата сега е исчистена и подготвена на нејзино место да никне парк со зеленило.

Инаку од Одделението за за комунални дејности истакнуваат дека комунален и градежен шут се собира на градската депонија над селото Бели на патот кон Пониква. За несовесните граѓани кои ја загадуваат животната средина од општината најавуваат казнени санкции.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија