Две младенчиња од срна се наоѓаат во зоолошката градина во Штип, информира локалното јавно претпријатие „Исар“. Едната била најдена во шума во Пијанечкиот регион, а другата се родила во самата градина.
Директорот на ЈП „Исар“ Ангел Бојаџиев вели дека вработените и посетителите се грижат за нив, особено за таа најдена во дивината.
- Срничките се вистинска атракција. Најдената ја прихрануваме и е во добра здравствена состојба, а за срничката што се роди пред две недели направивме ново живеалиште во кое е заедно со мајката - рече Бојаџиев, и најави дека во наредниот период ќе се набават и нови животни во зоолошката.
Според него, условит за живот на животните се добри и сите вработени се ангажирани максимално. Влезот во зоолошката во Штип се` уште е слободен, а посетителите може да донираат пари за храна на животните.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS