mksqen
26
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Охрид идната година домаќин на Европскиот конгрес за блатни екосистеми

Охрид идната година домаќин на Европскиот конгрес за блатни екосистеми

Типографија

Активисти на Граѓанската еколошка иницијатива „Охрид СОС“ учествуваа во работата на Конгресот на Европскиот огранок на Друштвото на научници за блатни екосистеми што се одржа во португалскиот град Фаро.

Д-р Надежда Апостолова, инаку професор на Универзитетот во Валенсија и член на „Охрид СОС“ пред учесниците на Конгресот имаше своја презентација на тема „Студенчишко Блато на брегот на Охридско Езеро: процесот на негова деградација проучен преку далечинска детекција“.

Покрај самата презентација, Апостолова учествуваше и на неколку работни средби, меѓу која со раководството на Светската конвенција за заштита и одржливо користење на блатните системи (Рамсар).

„Охрид СОС“ чии активисти учествуваа и на минатогодишниот Конгрес директно пред централата на „Рамсар“ ја покрена иницијативата за прогласување на Студенчишкото Блато и регионот за „Рамсар“ подрачје со што би се обезбедила негова меѓународна заштита.

На средбата претставнциите на „Рамсар“ ја нагласија потребата од прогласување на Охридското Езеро и Блатото за зони што би морале да бидат ставени под посебен режим на заштита.

На овогодинешниот конгрес Европскиот огранок на Друштвото на научници за блатни екосистеми и Рамсар потпишаа Меморандум за соработка што отвора можности за уште поуспешна реализација на напорите за конзервација на блатните системи, унапредување на знаењето за истите и нивната употреба.

Инаку, токму Охрид ќе биде домаќин на Европскиот конгрес за блатни екосистеми што треба да се одржи во мај идната година, со Хидробиолошкиот завод од Охрид како коорганизарот на настанот.

Активистите на „Охрид СОС“ сметаат дека тоа е исклучителна можност за регионот, не само за подобра промоција на Студенчишко Блато и блатните системи во Македонија воопшто, туку и како поттикнувач на унапредувањето на научниот туризам во ова подрачје со исклучителен истражувачки потенцијал.

Граѓанската иницијатива „Охрид СОС“ веќе неколку години за залага за меѓународна промоција на исклучителните природни вредности на регионот и поттикнување на нивната валоризација на интернационално ниво, но исклучиво според принципите на трајна заштита и одржливо користење.

Инаку, Друштвото на научници за блатни екосистеми е најзначајната меѓународна организација во областа на блатните екосистеми со повеќе од три илјади членови од 60 земји.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија