Општините Кочани и Штип преку источниот плански регион ќе се вклучат во прокетот „Планински велосипедски рај“.
Со проектот се предвидува изградба на пешачки и велосипедски патеки како и реконструкција на стар објект и адаптација во планинарски дом.
Единицата за спроведување на проектот за локална и регионална конкурентност финансиран со грант од Европската унија го објави Повикот за изразување на интерес за Инвестиции на под-грантови во инфраструктура поврзана со туризмот и поврзување во дестинации на кој општините и Центрите за развој на планските региони може да аплицираат за компонентата под-грантови за инфраструктурни инвестиции.
- Во рамките на ваквите под-грантови, како баратели ќе кофинансираме 10 проценти од износот на побараниот под-грант, во парични или непарични средства. Центарот за развој на Источниот плански регион во партнерство со општина Кочани и општина Штип аплицира за овие средства со проектот „Планински велосипедски рај“ со кој се предвидува изградба на пешачки и велосипедски патеки, како и реконструкција на стар објект и адаптација во планинарски дом и паркиралиште на Пониква. Општина Кочани се обврзува да обезбеди кофинансирање во износ од близу 75.000 евра, што е 5,87 отсто од вкупната вредност на под-грантот кој изнесува 1.276.317 евра - изјави Ратко Димитровски, градоначалник на општина Кочани.
Со изградбата на пешаки и велосипедски патеки, како и со адаптацијата на зграда во планинарски дом и доуредување на паркинг просторот на Пониква, овој дел од Осоговските планини ќе биде подостапен до туристите и љубителите на планинските спортови.
За ваков вид на под-грантови, побараните средства изнесуваат, за поединечен барател до еден милон евра, или за партнерство помеѓу двајца или повеќе баратели интегрирани под-проекти, до три милони евра.