Иницијативата Охрид SOS преку социјалните мрежи истакнаа дека Студенчишко блато останува строго заштитена зона.
По стручната расправа за ГУП на Охрид 2014-2024 година, блатото останува строго заштитетно.
- Две години континуирана борба конечно се исплатеше. Победата не е само наша, туку и на секој кој споделуваше, реагираше, придонесуваше. Победата е и на медиумите кои искрено застанаа зад нас. Конечно, најголемата победа ја однесоа Езерото и природата - велат од Охрид СОС.