Гевгеличани на спроведениот референдум се изјанија против отворање рудници за злато на планината Кожуф.
Од запишаните 19.459 гласачи, заклучно со 19 часот гласале 13.384 граѓани односно 68 отсто од општинското гласачко тело, соопшти по сумирањето на резултатите Митко Дојчинов, член на ОИК Гевгелија. Против отворањето рудници за злато на Кожуф се изјасниле 13.097 граѓани, 154 биле за, а 133 ливчиња се прогласени за неважечки.
Според конечните резултати од гласањето, жителите на општина Гевгелија со огромно мнозинство донесоа одлука за заштита на животната средина и ја обврзаа општината да не дозволи отворање на рудници за злато на територијата на општина Гевгелија.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS