mksqen
22
Нед, Дек
0 Нови / 7 дена

Еко-свест со забелешки на Уредбата за информирање и алармирање за ПМ10

Еко-свест со забелешки на Уредбата за информирање и алармирање за ПМ10

Типографија

Невладината организација Еко-свест преку социјалните мрежи испарти свои коментари на Уредбата со која се воведува праг за информирање и алармирање за ПМ10. 

  • Сметаме дека член 3 од Уредбата за дополнување не е доволно дефинирана и остава огромен простор за различно толкување од страна на различни чинители и затоа бараме да се дообјасни и дефинира подобро првиот услов за надминување на прагот за алармирање и информирање што се однесува на таканаречената „стабилна временска состојба“ - се наведува во коментарот од Еко-свест.

Од таму додаваат дека во изминатата година повеќе мерни станици достигнаа вредности над 800 милиграми на метар кубен од суспендираните честички (PM10), а оваа година граничната вредност за истиот загадувач од 50 μg/m3 е премината дури 79 пат на одредени мерни места и укажува на алармантноста на овој проблем. Дозволената граница според Европската Унија е 50 μg/m3 во текот на 24 часа и 40 милиграми на метар кубен во текот на една година. Со оглед на нашата определба да ги спроведеме Европските закони, сакаме да ја истакнеме потребата од намалување на прагот за информирање за суспендирани честички со големина од 10 микрометри и тоа од 150 μg/m3 за 24 часа на 100 μg/m3 за 24 часа. Додека прагот за алармирање за суспендирани честички со големина од 10 микрометри да се постави на 70 μg/m3 за 24 часа, наместо предложените 200 μg/m3, додаваат од Еко-свест.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS