Штипската детска градинка „Астибо“ преку еко проект ќе ја штеди водата за пиење во клонот „Цветови“ во населбата 8 ми Ноември.
Директорот на Јавната установа детска градинка Астибо, Илија Митров вели дека добиле финансиски средства од околу 1.000 евра. Со овие средства ќе се гради бунар за техничка вода и ќе се набави мотор.
- Се планира и да се постави и водоводна мрежа, со која ќе се овозможи техничката вода да се користи за казанчињата поставени во детските тоалети. Истовремено со техничката вода ќе се наводнуваат и зелените површини во клонот „Цветови" во 8ми Ноември. Искористувањето на техничката вода значително ќе ги намали сметките за вода - вели Митров.
Тој додаде дека се планира кон крајот на април или почетокот на мај, техничката вода од бунарот да биде ставена во функција.