mksqen

Василево почна со пролетно уредување на населените места

Василево почна со пролетно уредување на населените места

Типографија

Општина Василево почна со пролетно уредување на јавните површини во населените места.

Јавното претпријатие за комунални дејности „Турија“ почна со косење на тревата во парковите и нивно наводнување.

Според надлежните, уреден е паркот на влезот на Василево. Пролетно уредување ќе има во меморијалниот парк „Методи Митев“ во Василево и паркот во населеното место Градошорци, по што ќе следува уредување и на останатите јавни површини односно површините покрај улиците во населените места.

Сите овие активности, како што информира директорот на „Турија“, Леонардо Николов, планирани се со нивната програма за одржување на јавни површини за годинава.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија