mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Пожарот на Голак се уште активен

Пожарот на Голак се уште активен

Типографија

Се уште е активен пожарот на Голак што почна вчера попладне и зафати површина од 100 хектари борова шума.

Според директорот на јавното претпријатие за шумско стопанство „Голак“, Јордан Димитровски, состојбата со пожарот е критична и засега, по слободна проценка, е зафатена борова шума со површина над 100 хектари, а во гаснењето ангажирани се екипи од подружниците на јавното претпријатие „Македонски шуми“ од Берово, Пехчево, Македонска Каменица и Делчево, противпожарни екипи од регионот, како и од делчевското комунално претпријатие.

Од Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека се ангажираат и просторните сили, а се помага и со опрема.

Пожарот на Голак е потпален од неколку страни. Првиот пожар е пријавен вчера околу 15 часот и тој почнал кај Ѓорговите колиби кај Разловци, при што зафатил површина од 20 хектари со ретка борова шума. Но, по 16:30 часот на месноста Средна почнал пожар којшто се проширил и кон Пехчево и Берово, но и кон делчевски Истевник.

Надлежните се сомневаат дека причина за пожарот е човечки фактор.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија