mksqen
15
Нед, Јун
0 Нови / 7 дена

Второ порибување на езерото Градче крај Кочани

Второ порибување на езерото Градче крај Кочани

Типографија

Спортско-риболовното друштво „Кочански рибар“ од Кочани ја спроведе акцијата за порибување на вештачкото езеро Градче крај Кочани.

Ова е второ порибување на езерото со крап по она во ноември минатата година.

  • Во езерото се пуштени 1.000 единки подмладок на крап со просечна тежина од околу 50 грама и 300 килограми крап со просечна тежина од 2 килограми. За оваа активност се вложени 100 илјади денари - изјави Димитар Димитров, претседател на Спортско-риболовното здружение „Кочански рибар“.

Интересот за риболов на езерото Градче, според Димитров е голем, за што зборува и податокот за издадени над 70 годишни дозволи. Тој посочи дека до крајот на годината се планира уште едно порибување на езерото со пастрмка.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Македонија