mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Зграда место борова шума во стариот дел од Охрид

Зграда место борова шума во стариот дел од Охрид

Типографија

Во стариот дел од Охрид почна подготовка на теренот за изградба на зграда.

На парцела со површина од 201 квадратен метар на која има борова шума ќе се гради зграда. На социјалните мрежи од групата Охрид SOS велат дека апатијата и пасивноста на охриѓани некој скапо ја наплатува.

  • Неповратно се оттуѓува државно земјиште, општествена своина, во деликатни локации како стар град. Деновиве почна реализација на она што беше административно направено пред две години - нагласуваат од Охрид SOS.

Пред две години парцелата на електронска аукција беше продадена на „Инвест билдинг“ која го купи земјиштето по цена од 830 евра за метар квадратен, односно околу 167 илјади евра. Според Деталниот урбанистички план на парцелата, која се протега на стрмен терен, може да се гради објект кој над патеката што води кон Канео може да има висина од 3,9 метри, односно да биде на кат и поткровје и уште два ката под патеката. Објектот може да биде за домување, но една третина од плацот може да има комерцијална намена или да биде простор за спорт и рекреација.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS