Грантови за еколошки проекти на тема енергија, вода, управување со отпад и чист воздух добија девет градинки од Македонија во рамки на „Програмата за мали грантови“.
Финансиска поддршка за спроведување на еколошки проекти во висина од 1.000, 700 и 500 евра се обезбедени од Делегацијата на Европската Унија, како дел од кампањата „ЕУ за Тебе" на тема чиста животна средина со цел да се намали загадувањето и да се обезбеди чиста животна средина за сите.
Еко грантови добија детските градинки „Астибо“ и „Вера Циривири Трена“ во општина Штип, „Срничка“ и „Буба Мара“ во општина Аеродром, „Гоце Делчев“ во општина Велес, „Детска радост“ во општина Гази Баба, „Гоце Делчев“ во општина „Илинден“ и „7 септември“ во општина Пехчево.
Грантовите официјално ги додели шефот на Делегацијата на Европската унија Самуел Жбогар во ЕУ Инфо центар во Скопје.
„Програмата за мали грантови“ се спроведува од Здружението за едукација, комуникација и консалтинг ОХО.