Вкупно 1,6 милијарди денари е штетата од пожарите што ја зафатиле територијата на Општина Делчево во последните 12 години.
Според командирот на ТППЕ Делчево Јонче Атанасовски, на територијата на Делчево има 24 илјади хектари шума од прв степен на загрозенот, а само последниве три дена во три големи шумски пожари изгореа околу 100 хектари.
Најголем проблем при интервенција на големи шумски пожари, потенцира Атанасовски, е неопременоста со соодветни возила.
- Располагаме со возила стари и над 40 години. Тие не се за гаснење шумски пожари. Дирекцијата за заштита и спасување никако не сака да додели соодветно возило за гаснење шумски пожари. Такви возила добиле другите ТППЕ од регионот, но од неразбирливи причини не се доделува возило на Делчево. Затоа е и отежнато гаснењето, а кога немаш соодветна опрема, тогаш ризикуваш човечки животи, но и интервецијата задоцнува. Таков, беше пожарот пред два дена, од висок ризик - вели Атанасовски.
Деновиве, информира тој, повторно ќе биде испратено барање до Дирекцијата за донација.