Општина Велес во наредниот период ќе изведува активности во Горно Оризари каде ќе се монтира нова водоводна линија во должина од 200 метри до новоизградените објекти во ова населено место.
- Започнавме со изградба на препумпна станица на водоводната линија кон населбата Трпезица, Дорутовец и Чалошево. Тоа е практично последната фаза од реализацијата на овој проект кој чини 14 милиони денари - вели градоначалникот на Велес, Славчо Чадиев.