mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Се чистат доловите и регулациите во Крива Паланка

Се чистат доловите и регулациите во Крива Паланка

Типографија

Општина Крива Паланка периодов спроведува акција за расчистување на доловите и регулациите во централното градско подрачје.

Дел од нив се комплетно расчистени, а на неколку локации се работи интензивно.

  • Привршува расчистувањето на најголемиот дол во центарот на градот, Нимулија, каде на самиот почеток на долот нема регулација, па при надоаѓање на атмосферска вода од врнежи наносите редовно ја прелеваат водата на улицата и прават проблем и на локалното население, но и се нанесува смет и мил речиси до центарот на градот. Поради ова интензивно се расчистува долот - вели градоначалникот на Крива Паланка, Арсенчо Алексовски.

Тој вели дека околу 90 отсто од долот е прочистен. Комплетно е расчистен долот во населба Единство, а ќе се расчистува и Домачки дол.

  • Сите долови каде е можно поголемо дотекување вода во претстојниот пролетен период ги чистиме, за навреме да превенираме поголеми излевања или проблеми. Долот во Единство е расчистен од страна на месното население со помош на една невладина органиизација, со поддршка од екипи на Јавно претптијатие „Комуналец“ и локалната самоуправа. Ова е иницијатива која е за поздравување - додава Алексовски.

Во претстојниот период ќе се расчистува Домачки дол во истоимената населба.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS