mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Изградбата на гасоводот Неготино-Битола според планираната динамика

Изградбата на гасоводот Неготино-Битола според планираната динамика

Типографија

Во тек е изградбата на магистралниот гасовод од Неготино преку Кавадарци и Прилеп до Битола во должина од 92 километри за кои ќе бидат инвестирани околу 37 милиони евра.

Најдоцна до средината на 2019 година се очекува да биде пуштен во употреба со што кон крајот на оваа година Кавадарци прв ќе добие гас, а септември или октомври следната година и Прилеп ќе биде приклучен на природен гас.

Паралелно со ова, околу 60 проценти е готова изградбата на гасоводната мрежа од Штип кон Неготино кој се очекува да биде готов до крајот на годината, а веќе завршен е гасоводот од кумановско Клечовце до Штип. Во тек се и активностите за изградба на гасоводната делница Скопје – Тетово – Гостивар. Со ова ќе се заврши првата фаза од изградбата на примарниот гасовод со кој ќе бидат опфатени околу 70 проценти од потрошувачката. 

Директорот на Македонски енергетски ресурси Крсте Миладинов денеска во Кавадарци, каде беше извршен увид на изградбата на гасоводната делница од Неготино до Битола, истакна дека работите се одвиваат според планираната динамика и оти засега нема застој во работите.

Големите компании и индустриските зони ќе може да се приклучат на примарниот гасовод за што, како што истакна директорот на МЕР, веќе има интерес од страна на ФЕНИ Индустри и ИГМ да се приклучат кон магистралниот гасовод од Неготино до Битола.

Паралелно со изградбата на примарниот гасовод се одвиваат и активностите за изградба на секундарната гасификација со која гасот ќе им биде достапен и на домаќинствата и на помалите компании.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS