mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Санирано свлечиште на патот Пробиштип-Штип

Санирано свлечиште на патот Пробиштип-Штип

Типографија

Целосно е санирано свлечиштето на регионалниот пат од Штип до Пробиштип, кое однесе дел од патот за време на поплавите пред две години. 

Целиот зафат на реконструкција на свлечиштето чини 14,5 милиони денари.

Во соопштението на УНДП кои го имплементираат проект се вели дека  средства се  обезбедени од Европската унија преку Програмата за санација на штетите од поплавите.

Свлечиштето кое се наоѓаше во близина селото Неокази, на пет километри од Пробиштип, е санирано со изградба на потпорен ѕид со анкери и шипови, а поставен е систем за целосно одводнување, со што се решава опасноста од  понатамошно оштетување.

Според градоначалникот на општина Пробиштип Тони Тоневски, санацијата на свлечиштето и стабилизацијата на теренот овозможува целосно враќање во функција на овој фреквентен регионален пат кој ја поврзува општина Пробиштип со источниот дел од земјата и ја подобрува безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

Европската унија обезбеди 10 милиони евра за санација на инфраструктурата оштетена од поплавите кои ја зафатија земјата пред две години. Во рамките на компонентата за санација на транспортната инфраструктура, покрај свлечиштето, целосно е завршена реконструкцијата на пат во општина Конче, а во општина Чешиново-Облешево, кај селото Соколарци направен е нов мост-пропуст. Една од најголемите инвестиции е изградбата на нов мост на реката Брегалница во општина Зрновци, каде работите се изведуваат со полн интензитет.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS