mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Скопјанец нуди едноставно решение за поголема искористеност на хидроцентралите

Скопјанец нуди едноставно решение за поголема искористеност на хидроцентралите

Типографија

Скопјанецот Зоран Крстевски патентира едноставен пронајдок со кој, како што објаснува, може многукратно да се зголеми искористеноста на водата во хидроцентралите и да се добива многу поголемо количество чиста електрична енергија отколку досега.

Крстевски образложува дека при искористувањето на водата за придвижување на турбините кај акумулациските електрични централи се користи потенцијалната енергија што определено количество вода го има во однос на определена височина. За да се добие континуирана работа, потребно е постојано снабдување со вода. Неможноста да се обезбеди тоа е најчесно причината поради која хидроцентралите се користат ограничено и само во определени сезони, кога водостојот е поголем.

Предложениот пронајдок го решава проблемот на подигање на водата на определена височина и нејината повторна употреба. Станува збор за едноставно решение што во својот корен го има Архимедовиотзакон. Се користи балон наполнегт со воздух под одреден притисок, прицврстен за подвижно дно во резервоарот. Кога балонот ќе се притисне одозгора, тој потиснува големи количества вода нагоре, и таа вода потоа повторно може да се пушти низ турбините. Со сегашната технологија, за да се врати водата во акумулацијата би требало да се користат пумпи, за што би било потребно огромно количество енергија. На овој начин, како што објаснува Крстевски, водата може да се врати на повторно користење со десет пати помалку енергија отколку со класичните пумпи, што би можело да го направи процесот рентабилен.

  • Сето тоа може да придонесе да добиеме повеќе енергија од еколошки чисти извори. Сите зборуваме за заштита на животната средина, па затоа мислам дека треба да се поддржат решенијата што го овозможуваат тоа - истакнува Крстевски.

Тој не работи во енергетскиот сектор и вели дека нема ниту ресурси ниту можности да го развие својот пронајдок и да направи прототип, туку нуди само техничо решение. Како и кај многу други пројандоци, се почнало сосема случајно.

  • Игравме фудбал со син ми и топката падна во кал. Ја потопив во вода за да ја исчистам и забележав колку многу вода се истиснува на тој начин, со колку мал напор. Тогаш добив идеја дека ако ова се направи во многу поголем размер, може да се искористи за производство на енергија. Оттогаш проучував и работев две-три години додека да направам пронајдок за патентирање. Секако, конечното решение е посложено и вклучува повеќе опрема, вентили и други елементи, но во основата е тоа, едноставен и исплатлив начин за подигнување големи количества вода на голема височина - раскажува Крстевски.

Барањето за патентирање го поднел во јануари минатата година и го чека решението дека му е одобрено. Очекува дека потоа енергетските компании ќе можат да го искористат неговиот пронајдок за да може да се произведува повеќе електрична енергија од водните акумулации.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS